Два шатори за згрижување деца бегалци во Гевгелија

Два шатори за згрижување деца бегалци се поставени во прифатниот камп во Гевгелија.

Како што информира МИА, двата шатори за згрижување деца бегалци со површина од по 72 метри квадратни за згрижување деца, се поставени со помош на УНИЦЕФ.

Инаку, децата бегалци заедно со нивните мајки достигнуваат една третина од вкупниот број мигранти кои дневно транзитираат низ нашата земја.

Македонски полицаец со дете бегалец во рацете на насловната на британски Телеграф.
Македонски полицаец со дете бегалец во рацете на насловната на британски Телеграф.

Двата шатори можат да опслужуваат 50 деца истовремено. Опремени се со цртанки, играчки и едукативен материјал за деца, а за нив се грижат и со нив си играат стручни лица.

Претставниците на УНИЦЕФ информираа дека покрај ова во прифатниот камп во Гевгелија испраќаат балони со по 30.000 литри вода за да им обезбеди на мигрантите чиста вода за пиење која во моментов е ограничена само на флаширана вода.

Полицијата и припадниците на АРМ им помагаат на бегалците на јужната граница
Полицијата и припадниците на АРМ им помагаат на бегалците на јужната граница

Водата од балоните може да се користи и за миење додека се комплетира водоснабдителниот систем со објектите за миење.

 

Инаку, светската јавност денеска е во шок од трагичната приказна двете деца бегалци чии тела беа исфрлени на брегот на Турција. Повеќе за ова на следниот линк.