четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 19

Два случаи на разбојништво врз марокански мигранти

migranti

Последни вести

Во текот на вчерашниот ден во валандовската полиција биле пријавени два одвоени случаи на разбојништво врз марокански државјани.

Во првиот случај, две непознати лица вчера околу 13 часот ограбиле Марокански државјанин. Мароканецот случајот го пријавил во валандовската полиција.

И.С. од Мароко, пријавил дека истиот ден околу 13,00 часот на локалниот пат за с.Грчиште, од страна на две непознати лица со автомобил, му било извршено разбојништво на тој начин што откако лицата застанале со возилото, му понудиле превоз и по кратко време откако И.С. се качил во возилото го удириле во пределот на главата му побарале пари, по што оштетениот им дал 400 евра.

Во вториот случај, само еден час подоцна, односно во 16,00 часот Р.Е. од Мароко, пријавил дека истиот ден околу 08,00 часот на местото викано „Марвинска петља“ поточно на раскрсницата за село Грчиште од страна на пет лица му било извршено разбојништво на него и над Х.Х. и Ф.А. исто така од Мароко.

Најпрвин едно лице на мигрантите им понудило за 130 евра да им обезбеди превоз, но додека разговарале им пришле уште четири лица од кои едното лице извадило пиштол и насилно им ги одзело ранците и мобилен телефон марка ,,Сони“.

Х.Х. се спротивставил по што едно лице го удрило со нога, а потоа го напуштиле местото на настанот.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителите.

Најчитани вести