Два случаја на педофилија, во Битола и во Куманово

педофилија

Пријавениот на 14.11.2016 година извршил полови дејствија и се самозадоволувал пред десетгодишно девојче од Битола. М.М. го искористил отсуството на мајката на девојчето и го извршил делото во нивниот дом. Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

МВР информира за уште еден случај на педофилија, во Куманово. На 20.11.2016, Н.С. (34) од Куманово пријавила во полција дека на 19.11.2016 година околу 23.00 часот, додека спиела, нејзината единаесетгодишна ќерка била повикана од соседот Д.М. од Куманово да влезе во неговото возило. Откако влегла во возилото  Д.М. ја натерал орално да го задоволува. Биле забележани од сестрата на девојчето и која го прекинала дејствието. За настанот е запознат Центарот за социјални работи Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.