Балкан

Два тона марихуана запленети во Валона

Два тона марихуана запленети во Валона

Огромно количество марихуана заплени албанската полиција во близина на градот Валона.

Според албанските медиуми дрогата била откриена во автомобил во кој се превезувале три лица, сите се уапсени.

Како што соопштува полицијата,марихуаната  доаѓа од селото Лазарат, познато како рај за одгледувачите на дрогата.

Марихуаната била наменета за италијанскиот пазар.