Два умерени земјотреса регистрирани во Тибет

Два земјотреса со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала се регистрирани денеска во јужниот дел на Тибет, јави ТАСС.

Првиот потрес бил во 9:48 часот по локално време во округот Тингџе, а вториот околу 15 минути подоцна во округот Тингри.

Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.