Два земјотреса утрово во охридско

Изминатата ноќ повеќе послаби земјотреси се регистрирани во Македонија.

Регистриран е потрес од 2,5 степени по Рихтеровата скала, на длабочина од два километри, а со епицентар во Охрид.

По овој потрес, регистриран е уште еден со јачина од 2 степени по Рихтер, повторно со епицентар во охридското подрачје. Овој потрес бил на длабочина од 1 километар.

Инаку, бројот на потресите во охриското епицентрално подрачје последниот период се намали, откако претходниот цела серија силни потреси, од кои најсилниот од 5 степени, предизивкуваа страв кај локалното населени и бројните туристи.

Пријавени беа многу штети, а жителите не се враќаа дома од страв и ноќите ги поминуваа под отворено небо.