Два земјотреси го погодија брегот на Чиле

Два силни земјотреси со јачина од 5,8 и 6,8 степени по Рихтер го погодија утринава чилеанскиот крајбрежен град Кокимбо, соопшти Геолошкиот институт на САД.

Епицентарот на првиот потрес бил на 100 километри североисточно од градот на длабочина од 12 километри, а на вториот на 97 километри југозападно на длабочина од 14 километри.

Не е објавена опасност од цунами.

Вториот потрес бил почувствуван и во главниот град Сантјаго, кој се наоѓа на 300 километри јужно од Кокимбо.