Свет

Дваесет и пет години затвор за пукање врз Белата куќа

(фото танјуг)

Судот на округот Колубија денес го осуди 23-годишниот Оскар Рамир Ортeг-Хернандез на 25 години затвор за пукањето врз Белата куќа во ноември 2011 – та година.

Првенствено на Хернандез му е препишано дека имал нaмера да изврши атентат врз американскиот претседател, но подоцна тоа обвинение е отфрлено, бидејќи со истрагата било утврдено дека Барак Обама и негова сопруга биле надвор од Белата куќа.

Според зборовите на обвинителот Роналд Мачен, осуденикот бил „мотивиран од омразата кон претседателот и желбата да започне револуција против федералната Влада“, пренесуваат агенциите.

„Оваа 25 годишна затворска казна покажува дека секој кој ќе дојде до главниот град на државата со план да употреби насилство, треба да очекува дека ќе помине деценија зад решетки“, вели тој.