Дваесет и девет рудари заробени под земја по експлозија во рудник

Дваесет и девет рудари се блокирани под земја откако денеска избувнала експлозија во руникот за јаглен во Кина.

Триесет други рудари успеале да се извлечат, при што еден се повредил, а триесетина спасувачи се обидуваат да стигнат до заробените рудари.

Кинеските медиуми објавија дека Владата во јуни двапати побарала затворање на овој рудник, но тој продолжил со работа.