Дваесет и пет години од крвавите протести на плоштадот Тјенанмен во Кина

Денеска се навршуваат 25 години од крвавите студентски протести на плоштадот Тјенанмен во Кина.

Демонстрантите велат дека властитего забрануваат споменот на овие протести.

„Споменот на 4-ти јуни е забранет. Никој не смее да разговара за тоа“, рекол демонстрант.

Образложението на официјален Пекинг е дека студентите правеле контрареволуција.

Мирните протести од четириесет дена преминале во жестоки судири, Владата наредила задушување на продемократското движење, се пукало во цивили, а точниот број на загинати не се знае ниту по 25 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.