Македонија,Крими хроника

Дваесет и петгодишно момче загина во сообраќајка кај Трубарево

Дваесет и петгодишно момче загина во сообраќајка кај Трубарево

Едно лице загина, а три лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случила  вчера кај селото Трубарево.

До несреќата дошло кога се судриле автомобили од марката „опел вектра“ управувано од П.Ј.(20) од Скопје и „југо“ управувано од Горан Н.(25) од Скопје.

Со тешки телесни повреди се здобил Горан, кој со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница, а подоцна им подлегнал на повредите, додека неговата сопатничка И.В.(20) од Скопје е пренесена и задржана на лекување во Ургентен центар „Карил“-Скопје,  а телесно поредени се П.Ј. и Ѓ.К.(21) од Скопје, кои се задржани на лекување во Ургентниот центар Скопје.