„Дваесет и првиот“ од Томислав Османли ќе се објави на српски

Наградениот роман на македонскиот писател Томислав Османли „Дваесет и првиот“, наскоро ќе биде објавен и на српски јазик во издание на белградската издвачка куќа „Дерета“.

– Со тоа, се завршува тригодишната белградска периперија на мојот роман којшто значително порано требаше да се појави пред српското читателство, како прво македонско издание на  угледната куќа „Стубови културе“ – инаку матично издателство на најпознатите српски писатели – која во меѓувреме за жал престана да постои – изјави Османли откако беше информиран дека издавачката куќа планира да го печати неговиот роман.

Се очекува романот преведен на српски јазик  да се излезе од печат до крајот на годинава.

Романот веќе е објавен на црногорски јазик( како издание на ОКФ од Цетиње) и на хрватски јазик (во издание на загрепското книгоиздателство „Сандорф“).