Балкан

Дваесетгодишен Косовец загинал на боиште во Сирија

Дваесетгодишен Косовец загинал на боиште во Сирија
Над 20 илјади странски борци заминале да се борат за ИД

Дваесетгодишен Албанец од Косово загинал на боиштата во Сирија како припадник на есктремистичката група, позната како Исламска држава, јави приштински „Зери“.

Станува збор за Фљамур Зенини од селото Кук, општина Драгаш, кој поседувал и германско државјанство, бидејќи заедно со семејството живеел во Германија.

Според „Зери“ неговата смрт ја потврдиле деновиве негови блиски роднини кои живеат во Косово, пренесува МИА.

Фалур Зенини заедно со родителите и братот живееле во Германија од каде и заминал за Сирија.

Во Сирија, според Зери на страната на ИД војуваат над 300 Косовци а бројот на убиените веќе и не се бори. Врз основа на потврдата од нивните најблиски бројот на убиените косовски Албанци во Сирија и Ирак е педесетина, но се верува дека тој број е поголем.