Дваесетгодишен струмичанец силувал тринаесетгодишно девојче

силување

Дваесетгодишно момче од Струмица силувал тринаесетгодишно девојче.

Во с.Банско-Струмичко, пријавениот заедно со уште еден соучесник го пресретнале 13-годишното девојче, насилно ја внеле во патничко возило „опел вектра“ и ја однеле во куќа во Струмица каде Т.Д. извршил полови дејствија врз девојчето, а потоа со такси возило ја вратил и ја оставил во близина на нејзината куќа.

На пријавениот му е одредена мерка притвор во времетрање од 30 дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.