Дваесетгодишно момче загина во сообраќајка кај Велешта

Дваесетгодишно момче почина откако доцна синоќа со својот автомобил удрил во паркиран камион на патот Охрид – Дебар во близина на селото Велешта, информира утрово полицијата.

 

Според полициските информации, младиот Р.К. од Велешта околу 22.30 часот од засега непознати причини удрил во камион „сканија“ што бил паркиран покрај патот. Поради сериозните повреди, момчето починало на пат кон болница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.