Дваесетина деца затруени со храна во детско одморалиште во Дојран

Дваесетина деца се затруени со храна во одморалиште во Дојран, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Децата се на возраст од 7 до 14 години.

Веднаш е направен инспекциски увид од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство во конкретното одморалиште. Кујната на летувалиштето е затворена и забранета за користење.  Константирани се повеќе недоследности, земени се брисеви и мостри од храна за понатамошна лабораториска анализа , наредени се мерки за дезинфекција и темелно чистење“, велат од АХВ.