Дваесеттина животно загрозени по експлозијата во Манчестер

Околу дваесет луѓе се во критична состојба поради многу тешките телесни повреди по самоубиствениот бомбашки напад од понеделникот ноќта во Манчестер, соопштија во средата здравствени извори.

Дваесет и две лица ги загубија животите кога бомбашот самоубиец ја детонирал експлозивната направа во која имало железни шрафови во моментот кога илјадници луѓе излегувале по концертот на американската пејачка Аријана Гранде во северниот англиски град Манчестер.

„Во моментов лекуваме 64 луѓе… меѓу нив на 20 им е неопходна итна медицинска помош“, изјавил Џон Роуз, шеф на здравствената служба во манчестерскиот округ.

„Во ранувањата им настрадале виталните органи, тешки повреди на екстремитетите и на некои од нив ќе им биде потребно многу долго лекување и поддршка., Тоа се многу тешки повреди“, истакнал Роуз

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.