Дваесет и три години од загинувањето на македонскиот војник во Сплит

Во Кавадарци денеска беа одбележани 23 години од смррта на Сашко Гешовски, кој е првата жртва при распадот на Југославија.

Тој почина на дваесетгодишна возраст, како војник во тогашната ЈНА.

Неговиот татко, Гоце изјави дека ова се навистина тешки и тажни години за нив.

„Ако се гине да се гине барем за сопствената држава, а не за други интереси“, рече Гоце Гешовски.

На гробот на Сашко, на градксите гробишта во Кавадарци цвеќе положија претставници на локалната самоуправа, претставници на АРМ, борците од НОБ и Здружението на армиски ветерани од Тиквешијата 2001.