Двајца повредеи во експлозија во фирма во Скопје

Експлозија во центарот на Куманово

Во текот на вчерашниот ден во 10:20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, Г.С. пријавил дека во населбата Керамидница на ул.„516“, во погон на фирмата „Виталија“, настанала експлозија на машина – печка на гас, при што имало повредени лица кои работеле во погонот.

Повредени биле М.М. (49) од Скопје, и Х.М. (33) од  Агино село-кумановско кои се здобиле со телесни повреди. Кај Н.Н.(42) и В.С.(54) не биле констатирани повреди, туку само бил предизвикан стрес. Повредите се констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР-Скопје и Државен инспектор за труд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.