Двајца браќа избоделе братучеди, повредените се борат за живот

Семејна драма се случувала вчера во липковското село Ропаљце. Двајца браќа тешко ги повредиле своите братучеди, исто така браќа, по семејна расправија синоќа околу 20 часот.

Од полицијата информираат дека браќата Л.О. (19) и Љ.О. (17) при семејна расправија им нанеле убодни рани на своите братучеди, Х.О. (31) и Х.О. (29), исто така двајца браќа.

Повредените во неконтактибилна состојба од медицинскиот центар во Куманово се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје. Полицијата ги привела напаѓачите и презема мерки за целосно расчистување на случајот.