Двајца браќа од Косово уапсени во Германија поради тероризам

Две лица се уапсени во германскиот град Оберхаузен, под сомнеж дека подготвувале терористички напад, соопшти изутринава полицијата.

Осомничените, двајца браќа од Косово на возраст од 28 и 31 година, планирале напад врз трговски центар во Оберхаузен.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, откако полицијата од разузнавачки извори била информирани за можниот напад, вооружени полициски тимови од по шест до осум лица влегле во трговскиот центар и во божикниот панаѓур во близина, по што биле уапсени двајцата осомничени Косовци.

По интервенцијата полицијата спровела претреси во станови и возила во населбите Марџох и Буркхаузен во Оберхаузен.

Властите истражуваат до која фаза на подготовка за нападот стигнале двајцата браќа и дали се вмешани и други лица.

Полицијата соопшти дека во регионот на трговскиот центар и на божиќниот базар, кој е во рамки на центарот се воведени закајнати бебедносни мерки.

Според првичните информации од Јавното обвинителство, случајот во Оберхаузен не е поврзан со нападот во Берлин.