Двајца браќа испаднале од комбе, помладиот се бори за живот

Тешка сообраќајка на патот Скопје – Тетово, повредено дете

Две малолетни деца испаднале од комбето со кое управувал нивниот четириесет и едногодишен татко. Несреќата се случила вчера околу 18 часот во околината на Вргорац.

Помладиот брат кој има шест години е тешко повреден и се бори за живот на интензивната нега во болницата во Сплит.

Неговиот 16-годишен брат е полесно повреден и по лекарските прегледи е пуштен на домашно лекување.

Од полицијата не сакале да коментираат за деталите околку несреќата, изјавиле само дека вратата од комбето се отворила и децата испаднале на патот. Се уште не е познато дали причина за ннесреќата биле неисправни врати или невнимателноста на таткото.

Семејството живее во околината на Вргорац, но од полицијата не сакале да откријат за кого се работи, ниту да ги утврди идентитетите на настраданите.