Двајца британски новинари уапсени за тероризам во Турција

Двајца британски новинари уапсени за тероризам во Турција
Двајца британски новинари уапсени за тероризам во Турција

Двајца британски новинари од „Вајс њуз“ и нивниот преведувач, се уапсеи во Турција поради „помагање на терористичка организација“. Турскиот суд донесе одлука тие да бидат во притвор до почетокот на судскиот процес

Двајцата новинари, дописникот Џејк Хенрахан и камерманот Филип Пендалбери се приведени додека известувале за борбите меѓу турските безбедносни сили и курдските бунтовници во градот Дијабекир, кој е населен главно со Курди.

Судот во Дијарбекир донесе одлука дека двајцата новинари, за кои не се знае која терористичка организација наводно ја помагале, да бидатр задржани во притвор.

Во соопштението на „Вајс њуз“ се осудуваат „обидите на турската Влада да ги замолчи новинарите чии известувања од регионот се од клучно значење“.

Неименуван претставник на турските власти во четвртокот изјави дека британските новинари биле во контакт со бунтовниците од Курдската работничка партија.