Двајца добитници на Голф 7 на инстант лоз од Државна лотарија

Караванот на Државна лотарија на Македонија под името Лето во 7ма Брзина, веќе еден месец низ Македонија е во потрага по добитник на премија Голф 7 од инстант лозот 7ма Брзина.

Марјана Станојковска со тим на Државна Лотарија на Македонија и атрактивниот Голф 7, до сега пропатуваа од Скопје, до Кратово, Кочани, Битола, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Струга, ја посетија Галичка свадба и беа дел од Пивофест.

-Добивката Голф 7 е изгребана во Скопје, утре ќе се запознаеме со добитникот, поточно двајцата добитници кои заедно учествувале во инстант лотаријата 7ма Брзина. Доделувањето на атрактивниот Голф 7 ќе се одвива пред Трговскиот центар Капитол Мол, во Скопје, од 12,00 часот, информираат од Државната лотарија на Македонија.

Потрагата по уште два среќни добитника на автомобили Голф 7, ќе продолжи во тек на месец август, заедно со караванот чии локации дополнително ќе ги објавиме.