Двајца доктори од Оториноларингологија фатени при примање на мито

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера се приведени доктор и доктор специјализант од Клиниката за уво, нос и грло кои примиле мито за операција.

Според полициските информации 45-годишниот Ј.Н. вработен како доктор на Универзитетска клиника за уво, нос и грло во Скопје и 29-годишната Н.П. со статус доктор специјализант на истата клиника се товарат за примање мито.

Пријавените на почетокот на овој месец на пациентка од Скопје и побарале евра за да и извршат две хируршки интервенции, функционална операција на носната преграда и естетска операција на нос. Парите, таа требала да им ги даде пред операцијата.

Пациентката ги пријавила во МВР, а по дадените насоки од  надлежен Јавен обвинител, од страна на Секторот за корупција, случајот е документиран, при што побараните пари од пациентката се претходно технички обработени.

Бараните пари  во два наврати во текот на декември од страна на пациентката и се дадени на специјализантката Н.П, а биле наменети за доктор Ј.Н кој требало да ги изврши хируршките интервенции.

Врз основа на предходно обезбедени Наредби од судијата на претходна постапка, извршени се лични претреси, претрес на домовите  и претрес на службени простории на осомничените.

При извршен личен претрес на лицето Н.П пронајдени се девет банкноти во апоени од по 50 евра, кои пари претходно биле технички обработени, додека кај лицето Ј.Н, при претрес на неговиот дом и службените простории пронајдени се одредени писмени забелешки со лица и телефони, список на закажани операции и фотографии кои би можеле да бидат од интерес за кривичната постапка.

Осомничените се приведени во ПС Карпош и по целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.