Двајца Грци добија доживотна за убиство на имигрант

Дионисис Лиакопулос и Кристос Стергиопулос од Грција се осудени на доживотна казна затвор поради убиството на 27-годишен работник – Пакистанецот Сахзат Луман во атинскиот кварт Петралона пред една година.

Според пресудата двајцата извршиле убиство во стабилна ментална состојба и нанеле седум убоди со нож на жртвата. Тие заеднички одлучиле да го одземат животот на невин странец. Кој го нанел смртоносниот удар не е важно, важно е дека двајцата сакале да го направат тоа уште од самиот почеток, се наведува во пресудата.