Двајца Холанѓани на суд поради контаминираните јајца

Двајца Холанѓани се изведени во вторникот пред суд во врска со скандалот со јајцата контаминирани со инсектицидот фипронил кои последните седмици ја зафати Европската унија.

Двајца мажи кои холандските медиуми ги идентификуваат како 31-годишниот Марин ван де Б. И 24-годишниот Маријас И.Ј., накусо се појавиле пред судот во градот Звеле, во централниот дел на Холандија. Сослушувањето било затворено за јавноста.

„Судијата одлучи дека сега има доволно докази да ги задржи во притвор. Државното обвинителство ги сомничи двајцата челници на компанија за дезинфекција дека користеле фипронил на живинарските фири во Холандија“, соопшти судот во покраината Оверијсел.

Судот, исто така, оценил дека двајцата „го загрозиле јавното здравје“ и ги сомничи дека знаеле дека тој инсектицид е забранет.

Двајцата осомничени беа уапсени минатиот четврток, а властите извршиле претрес на осум канцеларии, меѓу нив и седиштата на „Chickfriend“, компанија во сопственост на двајцата осомничени, во Холандија и во Белгија.

Контаминираните јајца се продавале во 17 земји од Европската унија, а случајот се прошири и до Хонгонг.