Двајца Италијанци исчезнаа во Либија

Двајца италијански градежни работници се исчезнати во источниот дел на Либија, соопшти министерството за надворешни работи на Италија поради тековната нестабилност во земјата по соборувањето и смртта на диктаторот Моамер Гадафи, пренесе „АФП“.

Двајцата мажи од јужниот италијански регион Калабрија работеле на проект за изградба на пат во Дерна кон градежната компанија „Генерал Ворлд“. Италијанците престојувале во Либија неколку месеци.

Двајцата мажи вчера не се вратиле од работа , а нивниот автомобил е пронајден од нивни колеги празен во изолиран дел на градот.

Од министерството посочуваат дека се разгледуваат сите можности и се работи на решавање на случајот.