Двајца кавадарчани приведени за издржување затворски казни

Велешката полиција денеска приведе двајца разбојници за одлежување затворски казни.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, приведени се 26-годишниот Митко М. и 24-годишниот Спаско Т., двајцата од Кавадарци.

Митко М. Се барал за издржување затворска казна во траење од една година и седум месеци, за сторено кривично дело “разбојништво”. Истиот е спроведен во Затвор – Гевгелија.

Спаско Т. се барал за издржување затворска казна во траење од пет години, за сторено кривично дело “разбојништво”. Истиот е спроведен во Затвор – Идризово.