Двајца Македонци меѓу најдобрите 200 на Ultra Trail du Mont Blanc

Македонците Жикица Ивановски и Јовица Јованчев, се меѓу 200-те најдобри планински тркачи во светски ранг.

По успешно завршената ултрамаратонска трка Ultra Trail du Mont Blanc, што викендов стартуваше во францускиот град Шамони, двајцата Македонци стазата во должина од 168 километри и денивелација од 9.600 метри, ја истрчаа со време од 31,46, односно 32,46 часа.

Во ултрамаратонската трка стартуваа 2.300 натпреварувачи од целиот свет.

3marathonrun

Ова е најтешката ултрамаратонска трка, која се трча од Шамони, прави круг низ швајцарските и италијанските Алпи и повторно завршува во Франција.

Македонија има три натпреварувачи, а покрај Јованчев и Ивановски, во женска конкуренција се натпреварува и Светлана Стојановска, која во моментов ги трча последните километри од оваа тешка трка.