Двајца малолетници избодени со нож во Железара

Две момчиња на возраст од 16 години биле нападнати со нож во скопската населба Железара, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил синоќа околу 21,50 часот, кога малолетниците Ј.П. и Е.И. биле нападнати од поголема група на лица.

Веднаш биле пренесени во Ургентниот центар, каде што на Ј.П. му е констатирана расекотина на десната натколеница, а Е.И. имал убод во стомакот.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.