Двајца мртви и 23 повредени во сообраќајки за викендот

Пешак и возач на патничко моторно возило загинале во две од вкупно 32 сообраќајки случени во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Скопје. Во несреќите полесно биле повредени 23 лица, а во 10 била причинета материјална штета.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека четворица возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 728 возачи од кои: 478 возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 109 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 141 возач затоа што биле возачи почетници. Исто така, санкционирани се и 14 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, соопшти МВР.

Покрај ова, санкционирани се и седумина пешаци затоа што поминале коловоз надвор од пешачки премин, а двајца пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.