Двајца мртви и неколку ранети во нападот со нож во Маастрихт

Најмалку две лица се убиени а уште неколку други се ранети со убоди со нож во четвртокот вечерта во јужниот холандски град Маастрихт, соопшти тамошната полиција во новото соопштение откако првично беше соопштено за една жртва.

Според полициското соопштение, станува збор за два инцидента со напади со нож на неколку стотици метри еден од друг во станбена населба во северниот дел од Маастрихт, кој е на границата со Германија и Белгија.

Жители на населбата за локалните медиуми изјавиле дека биле вознемирени од викотници кои најверојатно се поврзани со инцидентите, а некои сведочеле дека се слушнале и истрели.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.