Двајца мртви пред „Рамстор“ во Ново Лисиче

Пред маркетот Рамстор во Ново Лисиче, вечерва во 20.30 часот се случило убиство. Според информации од очевидци, две лица се мртви, пишува „Република“.

Неофицијално на убиството му претходело расправија помеѓу маж и жена.

Од МВР сѐ уште не даваат информации за  настанот во скопската населба.
На лице место се екипите на Брза Помош и полиција.