Двајца мртви во престрелка со полицијата во Сиднеј

Две лица се убиени во престрелка која се случи денес пред седиштето на полицијата во Сиднеј.

Од полицијата соопштуваат дека била извршена размена на оган со вооружено лице, како и дека полицијата почнала да пука, откако едно друго лице веќе било убиено.

Инцидентот се случил во 16,30 часот по локално време (во 06,30) по средноевропско, но засега не се соопшетни други детали за престрелката.Не е откриен иидентитетот на двете убиени лица, а не се знае ни мотивот за целиот инцидент, пренесува МИА.

Австралиската телевизиска компанија Еј-Би-Си, повикувајќи се на јавувања на луѓе кои биле сведоци на инцидентот, јави дека пукотницата пред седиштетпт на полицијата почнало наеднаш и дека траела кусо, откако бил разменет оган „од две страни„.

Компанијата јавува дека е отворена истрага за целиот случај. Засега нема информаци дали станува збор за „обична“ пресметка, или за акција поврзана со тероризмот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.