Двајца мртви во судар на возови во САД

Две лица загинале, а двајца се повредени во судар на два воза во сојузната американска држава Арканзас, соопшуваат американските власти.

Сударот се случил вчера во градот Хоксиј, град со 3 илјадижители на североистокот на Арканзас, а се верува дека меѓу загинатите и повредените има и од членовите на екипажот.

Од силниот удар избил пожар во кој изгорел еден вагон, за кој американскиот Националниот одбор за безбедност во сообраќајот наведуваат дека превезувал алкохол.

Веднаш по несреќата во радиус од околу 2,5 километри од местото на инцидентот евакуирани се околу 500 луѓе, бидејќи еден од возовите пренсувал опасни хемикалии.