Двајца мртви во вооружен судир во Косово

Две лица се убиени и двајца се повредени во вооружен судир во косовското село Милошево, во општина Обилиќ, јави Танјуг.

Инцидентот се случил синоќа, нешто по полноќ, во ресторанот „Шега“ во Милошево, потврди косовската полиција.

Полицијата трага по осомничените.

Нема информации за убиените. Двајцата повредени, сопственикот на ресторанот и неговиот син, се пренесени на лекување во Приштина.