Двајца обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ уапсени во Солун

Поранешниот началник на Петтата управа на МВР, Горан Грујевски, и на вработениот во УБК, Никола Бошковски, кои речиси три месеци беа во бегство, вчеравечер биле уапсени во Солун, соседна Грција. За нив беше распишана меѓународната потерница, а грчката полиција по нивното лоцирање постапила по неа, објавува порталот „Пулс24“.

Повеќе детали од МВР најавуваат за денеска.

Горан Грујовски и Никола Бошковски се во бегство од 26 јули, годинава, откако Врховниот суд ги потврди одлуките на Апелацискиот суд во Скопје, на двајцата обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на СЈО, да им биде одредена мерка притвор.

Грујевски и Бошкоски се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало со цел да се сокријат доказите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.