Двајца Охриѓани фатени со марихуана на плажа

Охридската полиција  поднесе кривична пријава против А.М.(30) и Ј.Б.(31) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 12 август минатата година околу 16.40 часот, на плажата „Оревче“ во Охрид од страна на полициски службеници е извршен преглед на Ј.Б., кај кого се пронајдени и одземени три рачно изработени цигари со 1,14 грама мешавина од тутун и марихуана, кои претходно ги набавил од А.М. за сума од 1.000 денари.

По ова, извршен е претрес во домот на А.М. каде се пронајдени и одземени две зипер кеси со 2,26 грама марихуана.