Двајца охриѓани нападнале полицаец – одбиле да покажат возачка дозвола

Охридската полиција поднесе кривична пријава против С.П.(24) И.П.(22) и И.С.(22) сите С.Велмеј-охридско поради напад на полицаец.

При контрола на превозно моторно средство „опел вектра“ со охридски регистарски ознаки, пријавениот С.П. На 19 мај годинава во 04:10 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, одбил да ги покаже возачките документи по што истиот заедно со другите двајца пријавени физички го нападнале полицискиот службеник.