Македонија

Двајца осомничени од „Шпион“ пуштени на слобода

Двајца осомничени од „Шпион“ пуштени на слобода

Обвинетите Миќо Насковски и Цветан Дамјановски од случјот „Шпион“ вчера доцна попладне беа пуштени од притвор.

Од Кривичниот суд велат дека Апелациониот суд во Скопје донел решение со кое на Насковски и Дамјановски им се укинува мерката притвор.

Двајцата осомничени беа притворени од самиот почеток на истрагата за случајот „Шпион“. Со првостепената пресуда Миќо Насковски беше огласен за виновен за кривичните дела: злосторничко здружување, од членот 394 ст. 2; измама, од членот 247 ст. 3 в.в со ст. 1; уцена, од членот 259 ст. 2 в.в ст. 1 и в.в со членот 45 од Кривичниот законик и му беше определена казна затвор во траење од 4 години.

Цветан Дамјановски беше огласен за виновен за кривичните дела: злосторничко здружување, од членот 394 ст. 2 од КЗ; уцена, од членот 259 ст. 2 в.в со ст. 1 од КЗ; недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, од членот 396 ст. 2 од КЗ и му беше определена единствена казна затвор во траење од 6 години и 6 месеци.

Апелациониот суд сè уште нема донесено одлука за предметот „Шпион“.