петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 75

Двајца осомничени тинејџери уапсени за тероризам

Припадници на антитерористичката единица на австралиската полиција денеска во сиднејското предградие Бенкстоун упасија двајца тинејџери, осомничени за терористички активности.

112255896

Поврзани вести

Претставник на полицијата соопшти дека при апсењето, кај двајцата осомничени, кои се на возраст од 16 и 17 години, бил пронајдени ножеви.

Тој одби да даде повеќе детали за целиот случај, додавајќи дека истрагата продолжува и наглаувајќи дека засега нема опасност по безбедноста на локалните жители.

Австралиските медиуми објавија дека уапсените тинејџери планирале да извршат напад врз полициска станица и дека полицијата спречила терористички чин.

Во Австралија денеска се одбележува годишнината од терористичкиот напад во дискотека полна со туристи на индонезискиот остров Бали во 2002 година, при што беа убиени 202 лица, од кои 68 Австралијци.

Најчитани вести