Балкан

Двајца патници од Србија повредени во нападот на бриселскиот аеродром

Двајца патници од Србија повредени во нападот на бриселскиот аеродром

Во експлозијата на аеродромот во Брисел повредени се и двајца патници од Србија кои што купиле билети преку една белградска агенција, дознава РТС.

Во моментот на експлозијата патниците биле во холот на аеродромот.

Патниците се наоѓаат во болница, не се во животна опасност и во среда би требало да се вратат во Белград.