Двајца пешаци прегазени во Тетово

Гранитни плочи паднале врз работници во Прилеп
Гранитни плочи паднале врз работници во Прилеп

Двајца пешаци на возраст од 19 и 20 години се прегазени вчера вечерта на улица „Благоја Тоска“  пред крстосницата со улицата „29 ноември“ во Тетово.

Според информациите од СВР Тетово, патничко возило „Опел корса“, управувано од 21-годишниот тетовец Г.И. налетало на двајцата пешаци, А.Б.(20) и Б.А. (19).

Пешаците се здобиле со телесни повреди и пренесени и задржани се во тетовската клиничка болница.

Полицијата извршила увид на месото на несреќата и според првичните информации причина за истата е пребрзото возење.