Двајца починати и четворица повредени во сообраќајката во тетовско

На 19.10.2014 година, во 14,30 часот, на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце кај с.Теарце, се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(24) од с.Лешок, ПМВ „опел вектра“ исто така со тетовски регистраски ознаки управувано од Д.А.(20) од с.Пршовце и ПМВ „крајслер“ со тетовски ознаки управуван од В.К.(43) од с.Мала Речица.

Во незгодата на лице место починале сопатниците на ПМВ „БМВ“, Даниел Л.(21) од с.Лешок и Леонардо Б.(16) од с.Јегуновце, а возачот се здобил со телесни повреди и е пренесен во Ургентен центар Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот В.К. и неговите сопатници Е.З.(23), Ј.К.(23) и возачот Д.А., кои се пренесени во
Клиничката болница Тетово и се задржани за понатамошно лекување.