Двајца полицајци повредени во експлозија на бомба во Каиро

Двајца египетски полицајци се повредени во експлозија во близина на претседателскиот комплекс во Каиро.

Рачно изработената бомба експлодирала синоќа пред главниот влез на палатата „Ел Куба“ во северниот дел на Каиро.

Групата „Агнад Маср (Воини на Египет) ја презеде одговорноста за нападот. Групата пред една година објави војна на египетските безбедносни сили.