Двајца полицајци убиени при напад во Турција

Двајца турски полицајци се убиени денеска во напад во југоисточниот град Челјанпинар.

Два дена претходно во блискиот град Суруч се случи самоубиствен бомбашки напад, во кој загинаа 32 лица и ранети беа стотина.

Властите за бомбашкиот напад во Суруч ја обвинија Исламска држава, која се бори против курдските сили на другата страна на границата со Сирија.

Турската влада денеска ќе одржи седница на која ќе биде разгледано зајакнувањето на безбедноста по должина на границата по самоубиствениот напад во Суруч.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.