Македонија

Шестмина планинари евакуирани од Пелистер

Шестмина планинари евакуирани од Пелистер

Двајца планинари се евакуирани, а уште четворица чекаат да бидат извелечени од Пелистер над Малото езеро откако поради лошите временски услови останале заглавени на врвот на Баба планина.

Како што информира Центарот за управување со кризи, шестмината планинари на возраст од 18 до 20 години 14 часот побарале помош откако двајца од нив се повредиле при падна низ стрмина на планината.

Веднаш по пријавата била организиран спасувачка акција и повредените планинари се извлечени и пренесени во битолската болница. Околу 16,30 часот хеликоптер на Министерството за внатрешни работи стаса до останатите четворица планинари и ги пренесе на безбедно во Битола.

Битолската Тера телевизија јавува дека станува збор за млади лица кои денеска се качуле кон врвот Пелистер и кои биле со несоодветна облека за временските неприлики кои владеат горе на врвот на Баба планина.