Двајца повредени во пукање во тетовско Желино

Две лица се повредени синоќа околу 23 часот при излегување од чајџилница во тетовско Желино.

Додека излегувале, Б.А.(50), Џ.С.(52) и Е.Џ.(49) биле пресретнати од соселанецот В.Џ.(34) кој од пиштол испукал еден куршум во правец на  Е.Џ. но ги погодил А.Б. и Џ.С. во пределот на нозете.

Осомничениот е обезбеден и истиот се наоѓа во Полициска станица, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.