Двајца повредени во шест сообраќајки во Скопје

скопје

Вчера од страна на сообраќајната полиција, се санкционирани 25 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената,  тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај,  како и 13 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и седум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор. Затекнати се и 31 непрописно паркирано возило.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 60 возила.

Денеска од 10 до 11:30 часот Одделението за превенција ќе реализира едукативно предавање во автобус на ЈСП Скопје кој се движи по траса, со ученици  од трето и четврто одделение од ЈУ СОС „Детско Село“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Гази Баба, во рамките на сообраќајно-воспитниот проект „Едукативен автобус“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.